Wizz Air отвара 13 нови линии од Скопје

0
34
Авиокомпанијата Wizz Air, најголемиот превозник во Македонија, ќе го засили своето присуство со додавање на уште еден авион во базата во Скопје и отворање на 13 нови линии од земјата.

Од компанијата соопштија дека со шестиот авион, кој ќе биде стациониран во Скопје, до крајот на годината ќе се изврши и модернизација на флотата со најновата генерација Airbus A321neo.