22 годишен од М. Каменица полудел. Ги тепал мајка му и брат му, а ја искршил и покуќнината

0
37

Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода Х.В.(22) од Македонска Каменица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговата 40-годишна мајка и неговиот малолетен брат, а оштетил и дел од покуќнината. Запознаен бил јавен обвинител, а лицето било спроведено во здравствена установа. По целосно документирање на случајот, против  него ќе биде поднесена соодветна пријава.