Филипче: 17.000 вработени има помалку и младите бегаат ВМРО ДПМНЕ: Филипче 7 години ги лажеше младите,сега да им се извини

0
87

Намалениот број на вработени, и бегството на младите од државата денес беше тема на која спореа од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

 “Бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе.Бев во Делчево и го кажувам како пример. Во овој град секоја година во просек матуираат околу 100 ученици. Годинава, 90 од нив се запишале на факултети во Бугарија. Зошто? Затоа што кај нас нема универзитет што е на Шангајската листа. Нема сериозно вложување во наука, нема поддршка за истражување, нема квалитет кој ќе ги задржи младите тука“, рече Филипче.

“Да го потсетиме господинот Филипче дека до пред само една година, или еве поточно 15 месеци, тој и неговите пајташи и криминалци од СДС и ДУИ, како Заев, Ахмети, Груби, Османи и останати, ја водеа оваа држава, на начин на кој на сите им е познат. Инфлацијата беше над 20%, историски највисока. Платите беа мизерни, инфлацијата ги поразуваше и оние срамни покачувања кои ги имало во периодот кога тие ја водеа Владата“. вратија од ВМРО ДПМНЕ.