Кога имаме менструација, и онака се чувствуваме лошо – нема потреба дополнително да го влошуваме тоа чувство.
Самата појава на менструацијата може да предизвика чувство на надуеност, болка, акни, намалена самодоверба… па зошто да ја влошуваме состојбата со овие јадења и намирници?
На оваа листа се наоѓаат јадења што многумина ги обожуваат, но вреди да се воздржиме тие неколку дена и да ги избегнуваме овие 7 работи. Секоја од нив има добар причинител зошто е на листата – тие се непријатели на вашата менструација и ја прават уште потешка. Прекумерната консумација може да биде причина за интензивни болки, изразени симптоми на ПМС или силна надуеност. Иако во моментот кога ги јадете можеби се чувствувате среќно, подоцна тоа чувство се менува. Најлошо од сè – токму во тие денови ни се јаде токму ова!
Еве кои 7 јадења и намирници треба да ги намалите или целосно да ги избегнувате:
– Солени работи како чипс или помфрит
Солта предизвикува задржување на вода во телото, што води до надуеност – особено проблематично ако веќе се борите со тоа за време на менструацијата.
– Слатки
Иако ви се јаде половина чоколадо, обидете се да се ограничите на неколку коцки. Прекумерната количина шеќер предизвикува нагло зголемување и потоа пад на енергијата, што резултира со променливо расположение и раздразливост.
– Многу лути јадења
Иако можеби вообичаено ги поднесувате, за време на менструацијата телото може да стане почувствително. Прекумерната лутина може да предизвика грчеви, болки во стомакот, па дури и пролив.
– Црвено месо
Содржи високи нивоа на простагландини кои ја зголемуваат воспаленоста и грчевите. Иако е богато со железо, може да ги влоши симптомите.
– Брза храна (fast food)
Содржи транс масти кои го влошуваат чувството на надуеност и болка за време на менструацијата.
– Млечни производи како сирење или сладолед
Содржат омега-6 масни киселини кои во големи количини предизвикуваат надуеност и грчеви. Не мора целосно да ги избегнувате, но контролирајте ја количината.
– Бело лепче
Како и другите намирници на листата, белото лепче може да предизвика дополнителна надуеност и болни грчеви. Подобро е да се избере интегрален или друг тип на леб.


