Се заљубила во „астронаут“, па му уплатила пари „за кислород“

0
47

Жената живее сама и, според локалните медиуми, се заљубила за време на нивната преписка.

Постара Јапонка била измамена за еден милион јени (околу 5773 евра) откако се заљубила во маж кој го запознала преку интернет, а кој ѝ се претставил како астронаут во неволја во вселената, соопшти полицијата во вторникот.

Жената во осумдесеттите години, која живее на северниот остров Хокаидо, во јули на социјалните мрежи запознала измамник кој се претставил како астронаут, изјави претставник на локалната полиција за AFP, нарекувајќи го случајот „измама базирана на емоции“.

По неколку пораки, измамникот ѝ рекол дека „моментално е во вселената на вселенски брод“, но дека е „под напад и му е потребен кислород“, додаде тој.

Потоа извршил притисок врз неа да му помогне да купи кислород, и така успеал да ѝ измами еден милион јени.

Жената живее сама и, според локалните медиуми, се заљубила за време на нивната преписка.

Во јануари, во Франција, жена по име Ан, стара околу педесет години, во телевизиска емисија раскажа дека платила 830.000 евра на измамник кој се претставувал како американскиот актер Бред Пит.

Тој користел лажни селфи фотографии и фалсификувани документи за идентификација, користејќи вештачка интелигенција.