Во Македонија во јули се исплатени нето-плати во износ од 1 денар до близу 20 милиони денари… Според податоците кои „Блумберг Адрија“ ги доби од Управата за јавни приходи највисоката плата изнесувала 19.935.728 денари (324.158 евра). Во топ три највисоките плати влегуваат и тие од близу 217.000 евра и 170.000 евра.
„Овие износи се евидентирани врз основа на податоците доставени до Управата за јавни приходи преку месечните обрасци за пресметка на плата (МПИН). Станува збор за исплати кои се пријавени од страна на работодавците, согласно законските прописи, и се предмет на оваа анализа“, изјавија од УЈП.
Најниската плата во јули изнесувала само еден денар иако во земјава согласно Законот за минимална плата не смее да биде исплатена таква сума. Минималецот од март наваму изнесува 24.379 денари.


