Началникот на Шумската Полиција на Република Македонија и претседател на ОК Виница, Митко Костадиновски е кандидат за Градоначалник на Општина Виница од редовите на ВМРО ДПМНЕ, одлучија од партијата.
“Митко Костадиновски во два мандати беше советник во Советот на Општина Виница со што има искуство и познавање во работењето на локалната самоуправа.Како претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Виница во периодот од 2017 до 2025 година го предводеше истиот во 5 убедливи изборни победи по ред во Виница (2 парламентарни, 2 претседателски и 1 локални избори)”, стои мегу дугото во образложението.
За општина Чешиново-Облешево, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ е Јордан Костадинов кој е директор на училиштето Климент Охридски.


