Чудо на Ал Марјан: Се гради необична станбена зграда за оние со подлабок џеб

0
140

Проектирана е така што привлекува внимание на прв поглед и се претвора во препознатлив архитектонски симбол на оваа сè попопуларна дестинација за луксузен туризам.
 

На вештачкиот остров Ал Марјан во Рас Ал Каима, Обединетите Арапски Емирати, се планира изградба на необичен станбен комплекс под името Oystra.
Oystra е визија на студиото Zaha Hadid Architects и компанијата Dewan Architects and Engineers, замислена како скулптурална зграда обликувана според природните ритми на морето и небото.

Проектирана е да биде визуелно впечатлива и да стане архитектонска икона во оваа сè побарана локација за луксузен туризам.
Комплексот ќе се состои од четири облакодери поврзани со челичен лак долг 40 метри, кој ќе нуди спектакуларен поглед кон Арапскиот Залив.

Проектот ќе се простира на 128.000 квадратни метри и ќе содржи 800 станбени единици, главно наменети за луѓе со повисоки приходи.
Ќе вклучува базени, ресторани, плажен клуб, пространи градини, паркинг на две нивоа, 24-часовна рецепција и други погодности.

Градежната компанија Richmind треба да започне со изградба до крајот на оваа година, а комплексот се очекува да биде завршен до 2029 година.