Малопродажниот синџир „Лидл“ ќе гради маркет и во Реонски центар во Општина Аеродром во Скопје, во непосредна близина на ТЦ „Лиса“ и црквата Света Софија.
Во 11 часот ќе биде поставен камен темелник за идниот маркет.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и извршниот претставник на Лидл, Милена Драгиска-Денчева


