Здраво срце или скриен ризик? Навики што треба да ги промените веднаш

0
72

Здравјето на срцето не се чува само преку тренинг или повремени лекарски прегледи – потребна е секојдневна грижа. Дури и мали промени во вашата рутина можат да направат голема разлика. Еве осум навики што можат да му наштетат на срцето и совети како да ги промените.

1. Се потпирате само на вежбање
Редовно вежбате? Одлично! Но, ако поголемиот дел од денот го поминувате седејќи, тоа не му помага на срцето. Бидете активни во текот на целиот ден – дури и кратките паузи се важни.
Ако работите на биро, прошетајте на секој час – до кујната, тоалетот или само низ просторијата. Додека гледате омилена серија, станете и заиграјте или направете неколку склекови за време на рекламите.

2. Мислите дека сте премлади
Не чекајте да остарете за да се грижите за срцето. Вежбајте редовно, јадете здраво и следете ги вашите здравствени параметри – крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта.
Најдобро време да му направите услуга на срцето е токму сега.

3. Претерано консумирање алкохол
Умерено пиење (една чаша дневно за жени, до две за мажи) генерално е прифатливо и може да има некои придобивки за срцето. Но, поголеми количини го зголемуваат нивото на масти во крвта и крвниот притисок, особено ако пиете повеќе одеднаш. Придржувајте се до препорачаните граници.

4. Го потценувате здравото јадење
Здравата исхрана не мора да биде здодевна! Медитеранската исхрана вклучува маслиново масло, јаткасти плодови, овошје, цели житарки, риба, посно месо и црвено вино. Добри масти, влакна и хранливи материи го чуваат срцето – а храната е вкусна, па полесно ќе останете доследни.

5. Не ги знаете вашите вредности
Го знаете ли вашиот холестерол и крвен притисок? Ако не, ризикувате да имате покачени вредности без да ги почувствувате. Почнете со редовни лекарски прегледи од 20-годишна возраст и следете ги параметрите за да реагирате навреме.


6. Не го следите обемот на струкот
Маснотиите околу стомакот особено му штетат на срцето. Измерете го струкот – алармот се вклучува ако е над 88 см за жени или 102 см за мажи.
Ако треба да ослабете, започнете постепено – дури и мал губиток на килограми му помага на срцето.

7. Го игнорирате лошото расположение
Кога сте тажни или под стрес, тешко е да се грижите за себе. Ако чувствувате тага подолго од неколку недели, разговарајте со лекар или стручњак за ментално здравје. Терапија, физичка активност и, ако е потребно, лекови можат да го подобрат расположението и да ви дадат енергија за грижа за срцето.

8. Го занемарувате пасивното пушење
Димот од други лица може да го оштети вашето срце и крвните садови. Избегнувајте престој во простории каде се пуши. Ако некој во ваша близина пуши, договорете се барем да не пуши во ваше присуство – дома, во автомобил или на работа. Вашата цврста одлука може да им помогне да престанат, што ќе биде добро и за вас и за нив.