Бугарија од петок официјално го стартува новиот систем на камери за мерење на просечната брзина на одредени делници, објавија бугарските медиуми.
Системот ги користи веќе познатите камери за патарина, поставени на почетокот и крајот на секоја делница. Тие го евидентираат точното време на поминување и пресметуваат дали сте возеле во рамките на ограничувањето.
Во првата фаза ќе бидат ќе се снимаат делов на 50 делници меѓу кои и автопатот „Тракија“, а потоа системот ќе се воведе и на автопатот „Хемус“, но само во неговиот западен дел, како и по должината на „Струма“ и новата делница помеѓу Мездра и Ботевград, откако ќе биде целосно завршена.
Овој вид систем е многу потежок за заобиколување од класичните радари – бидејќи не зависи од тоа колку сте возеле во тој момент, туку од тоа со која брзина сте се движеле на целата делница, односно колку време ви е потребно за да поминете одредена делница – на пример 20 или 30 километри.
Доколку просечната брзина е поголема од дозволената, системот автоматски испраќа СМС-порака до сопственикот на возилото со упатства за плаќање на казната.
Ако го надминете ограничувањето на брзината за 20 км/ч, можете да очекувате да платите казна почнувајќи од 25 евра.
За возење со брзина поголема од 50 км/ч над дозволената, трошоците се значително повисоки. Предвидени се казни почнувајќи од 300 евра.


