Ученикот Владимир Грчев од ООУ „Братство“ во Карпош, стана европски шампион по информатика, споделија неговите родители, Васил и Анита Грчеви, на „Фејсбук“.
“Срцето ни е полно – нашиот син, Владимир Грчев, е европски шампион со златен медал по информатика. Нашето дете донесе злато од Европската информатичка олимпијада и ја направи Македонија горда пред цела Европа. Зад оваа голема победа стојат години труд, пожртвуваност и безброј часови посветеност. Но најважно, стојат неговата љубов кон знаењето и вербата дека ништо не е невозможно. Како родители, преплавени сме од радост и гордост. Владимир не е само наше дете туку и светлина и инспирација за сите млади што сонуваат големи соништа” – напишаа гордите родители.


