Храна за мозокот: Пет намирници што ја подобруваат меморијата и концентрацијата

0
86

Долготрајната консумација на нездрава храна и пијалоци може сериозно да ги наруши неговите функции. За среќа, исхраната што го промовира здравјето на мозокот не е комплицирана, а експерите посочуваат на пет лесно достапни намирници за кои е докажано дека „ја зголемуваат моќта на мозокот“.

Лиснат зеленчук
Не е случајно што нашите родители нè охрабруваа да јадеме зелен зеленчук. Храната како спанаќ, кељ и брокула е неверојатно корисна за нашето целокупно здравје, а особено за нашиот мозок. Лиснатиот зеленчук е полн со хранливи материи за кои е докажано дека го забавуваат когнитивниот пад. Ако јадењето суров зелен зеленчук ви е предизвик, обидете се да го сварите или да го динстате. Термичката обработка го намалува неговиот волумен, што го олеснува консумирањето, а може да стане и вкусен прилог.

Мрсна риба
Иако сите риби се добар извор на протеини, неврологот ги издвојува масните риби како лососот, сардините и бакаларот како особено корисни за здравјето на мозокот. Овие риби се полни со омега-3 масни киселини, кои се поврзани со пониски нивоа на бета-амилоид, протеин кој формира штетни грутки во мозокот кај луѓето со Алцхајмерова болест. Се препорачува консумирање две порции неделно, а за оние кои не сакаат риба, советува растителни извори на омега-3 масни киселини, како што се ленено семе и ореви.

.

Бобинки
Љубителите на јагоди, боровинки и капини имаат причина да слават. Ова вкусно овошје не е само деликатес, туку и моќен сојузник за здравјето на мозокот. Бобинките како јагодите, капините и боровинките се полни со флавоноиди, кои се едни од најмоќните антиоксиданси и можат да помогнат во подобрувањето на вашата меморија. Покрај тоа, бобинките имаат антиинфламаторни својства, можат да го намалат ризикот од развој на рак и да придонесат за зајакнување на имунитетот.

Кафе и чај
Добри вести за сите што не можат да си го замислат денот без кафе или чај. Кофеинот го подобрува фокусот, па дури и може да помогне во консолидирањето на новите спомени. Утринската доза кофеин навистина може да го разбуди вашиот мозок и да ви даде енергија. Сепак, невролозите предупредуваат да не се претерува и да не се консумира кофеин попладне, што може да влијае на вашиот сон, пред се’ за да имате квалитетен одмор во текот на вечерта.

Јаткасти плодови
Една рака јаткасти плодови е идеална здрава ужина, а кога станува збор за здравјето на мозокот, оревите се издвојуваат. Јатките плодови, особено оревите, се богати со еден вид омега-3 масна киселина наречена алфа-линоленска киселина (ALA), која е поврзана со подобрени когнитивни перформанси и подобро здравје на срцето, кои се клучни за одржување на мозокот во врвна форма. Оревите се многу разновидни – можете да ги додадете во јогурт, овесна каша или едноставно да ги јадете како хранлива ужина.