Сите оние кои сакаат да усвојат поздрави навики, порано или подоцна „налетуваат“ на концептот „Секојдневна дванаесетка“ (анг. Daily Dozen) на американскиот лекар Мајкл Грегер.
„Секојдневната дванаесетка“ на д-р Грегер е концепт заснован на повеќегодишни истражувања за здрава исхрана, првпат претставен во неговата книга „How Not to Die“
(„Како да не умреш“) објавена во 2015 година.
Станува збор за список на намирници и активности кои треба да се консумираат секој ден за поздрав живот. Тие служат како инспирација за подготовка на дневни оброци и донесување добри одлуки.
Ова не е строго дефиниран план за исхрана, ниту рецепт за слабеење. Но, ако се придржувате до овој список и имате вишок килограми — веројатно ќе ги изгубите следејќи ги советите на американскиот лекар.
„Секојдневната дванаесетка“ се состои од растителни намирници како овошје, зеленчук, цели житарки, јаткасти плодови, семиња и слично, кои можат да се прилагодат според личните потреби и преференции. Може да се прилагодат и количините за да се задоволат дневните потреби за калории.
Списокот вклучува и препорачана количина течности што треба да се консумираат секој ден, како и минимална физичка активност за подобро здравје.
Секојдневната дванаесетка на д-р Грегер:
–Махунарки (грав, наут, леќа, грашок, едамаме, соја)
–Јагодесто овошје (јагоди, малини, капини, боровинки, цреши, брусници, гоџи бобинки)
–Друго овошје (јаболка, круши, банани, мандарини, урми, праски, смокви, киви, портокали, сливи, калинка, авокадо)
–Крстести зеленчуци (брокула, карфиол, зелка, прокељ, кељ, бок чој)
–Лиснат зеленчук (спанаќ, блитва, рукола, раштани, лиснат кељ)
–Друг зеленчук (артичоки, аспарагус, цвекло, пиперки, моркови, пченка, печурки, кромид, лук, тиква, слатки компири, домати, тиквички, краставици)
–Ленени семиња
–Јаткасти плодови и други семиња (бадеми, ореви, лешници, ф’стаци, чиа, коноп, семки од тиква, сончоглед, сусам)
–Зачински билки и суви зачини (босилек, ловор, кардамом, чили, цимет, каранфилче, кориандер, ким, кари, копар, ѓумбир, лимонска трева, мајоран, мускатно оревче, оригано, димена пиперка, магдонос, бибер, рузмарин, жалфија, мајчина душица, куркума, ванила)
–Цели житарки (јачмен, хељда, просо, овес, ’рж, кафеав ориз, интегрална тестенина, квиноа, пуканки)
–Напитoци (обична вода, зелен чај)
–Физичка активност


