Бајач од Штип полнел вода со црево и во Кочани ја нудел на граѓаните како Света вода, предупредува свештенкот Димитар Арсовски од Кочани посочувајки на “Бајачка измама… Станува збор за манастир кој е во фаза на изградба и каде наводно се наогала водата.
„Почитувани верници, она што сме должни како Црква и свештенство да реагираме е следното: По социјалните мрежи кружеше информација дека во кругот на манастирот постојат „свети води“ од кои народот добивал исцеленија од болести и неплодните жени добивале пород. Ова е крајно безобразна лажна вест и како таква ја демантираме. По сведоштво од присутни лица ни е посведочено дека таквата „света вода“ била полнета со црево и дека доаѓал бајач од Штип кој наводно помагал во лечењето. Ваквото однесување со луѓето кои од разни маки и потреби доаѓаат е нечовечно, безобразно, претставува чист криминал, манипулација и оцрнување на Црквата Христова“, предупреди свештеникот на Фејсбук.


