Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на парламентот, Андриј Парубиј.
„Се спроведуваат потребните истраги“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им на истражните органи за „брзата и координирана работа“.
Парубиј (54) беше еден од видните лидери на проевропската револуција на Мајдан и претседател на Врховната Рада од 2016 до 2019 година. Тој беше застрелан во саботата во Лвов, западна Украина.


