Амбулантите низ Скопје овие денови се преполни со пациенти кои имаат исти симптоми – повраќање, температура, интензивна дијареа и силни болки во стомакот.
Станува збор за несекојдневен и доста упорен стомачен вирус, кој, според лекарите, брзо се пренесува од човек на човек, особено меѓу децата.
За разлика од претходните стомачни вируси на кои сме навикнати, овој трае и до 4-5 дена и значително го исцрпува организмот.
Станува збор за вирусна инфекција и единственото решение е да се пијат пробиотици, електролити и големи количини вода. Изненадува тоа што вирусот трае подолго време од вообичаеното и обично го измачува пациентот најмалку 4-5 дена.
Од амбулантите предупредуваат дека најважна е редовната хидратација и внес на пробиотици, со што се одржува рамнотежата во цревата и се намалуваат последиците од долготрајната дијареа.
Иако вирусот се шири брзо, лекарите апелираат на смиреност и дисциплина, почесто миење раце, избегнување блиски контакти ако некој во семејството е заразен и задолжително внесување течности за да не дојде до дехидрација.


