Гоцевски: Филипче  да им се извини на Делчевчани

0
40

Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО ДПМНЕ Иван Гоцевски  упати остра реакција до лидерот на СДСМ Венко Филипче. На социјалните мрежи, Гоцевски, мегу другото, напиша.

„Неколку пати по ред Венко Филпче со огромна доза на потценување, ги споменува Делчевчани, како земале бугарски пасоши-демек тоа ги прави помалку достојни.Ако некој оди да живее и работи во Бугарија, тоа не е затоа што се чуствува Бугарин, туку затоа што камен на камен не оставија тој и неговиот ментор Зоран Заев со кого во слободно време се возат на јахти, а кога не се сончаат на грчките плажи градат згради во Дубаи.Венко! Следниот пат кога ќе зборувате за Делчево треба да се извините наместо да се расфрлате со обвинувања кон чесниот народ.Многу наскоро, Венко!“

напиша мегу другото Гоцевски.