Член на скаљарскиот клан Радован Кривокапиќ (44), со прекар Месар, е убиен синоќа во Црна Гора. Тој починал во Општата болница во Котор од повредите здобиени во пукотница пред семејната куќа во Котор, соопшти црногорската полиција, пренесува Вијести.
Пукањето се случило во селото Златне њиве во Котор.
Поради убиството на Кривокапиќ, полицијата го блокирала патот од Котор до Св. Врача и понатаму до Доброта.
Полицијата и обвинителствот преземаат итни мерки и дејствија за утврдување на сите околности и расветлување на ова кривично дело – соопшти синоќа Управата на црногорската полиција.


