Трагедија кај Солун: 76 годишна србинка пронајдена мртва во морето

0
72

Жена од Србија, на возраст од 76 години, која исчезна во морето доцна попладне на 29 август, е пронајдена мртва во водите кај плажата Агија Триада, близу Солун, Грција.

Според информациите од грчките медиуми, жената заминала на пливање заедно со двајца пријатели. Нејзиното исчезнување било пријавено на крајбрежната стража околу 21:30 часот по локално време, по што веднаш започнала потрага.

Во акцијата за пронаоѓање учествувал и хеликоптер на крајбрежната стража, а телото било лоцирано во морскиот дел од плажата. На местото на настанот, жената била прогласена за мртва.

Надлежните власти ги истражуваат околностите под кои дошло до трагедијата.