Полицијата, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, ја уапси А.С. (19), мајка која се сомничи дека го оставила своето бебе старо само седум дена покрај контејнер во Земуни, дознава „Блиц“. Жената се товари за обид за тешко убиство.
Бебето, потсетуваме, го пронашла случајна минувачка. Било завиткано во пешкири и ставено во заврзана ќеса.
Според зборовите на Маја Миладиновиќ, жената која го пронашла новороденчето, бебето тивко плачело, а плачот ѝ звучел како „мјаукање“.
„Го шетав кучето како секое утро по улицата Дунавска во Земуни, кога зад контејнерот забележав нешто што се движеше. Помислив дека е куче или маче, но кога се приближив, видов дека е бебе. Едвај дишеше и беше модро,“ раскажа таа.
Според нејзините зборови, бебето било оставено зад контејнер, меѓу грмушки и на куп ѓубре. Екипа на Брза помош го пренела новороденчето во Земунската болница, потврдија за Танјуг од службата.


