Нов рекорд за Ѓоковиќ: Највозрасен тенисер во осминафинале на САД Опен

0
68
Новак Ѓоковиќ остана во трката за 25. грен-слем трофеј, откако во четвртото коло на САД Опен го совлада Британецот Камерон Нори со 3-1 во сетови (6-4, 6-7, 6-2, 6-3).
Со оваа победа, 38-годишниот српскиот тенисер испиша уште една страница во тениската историја, стана највозрасниот тенисер што стигнал до осминафинале на овој турнир по легендарниот Џими Конорс во 1991 година.

Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди: Стана најстариот тенисер кој ќе игра осминафинале на САД Опен

Ѓоковиќ, веќе апсолутен рекордер со 24 грен-слем титули и дури 395 победи на најголемите турнири, сега урна уште една граница и го надмина Роџер Федерер станувајќи тенисер со најмногу победи на тврда подлога на грен-слемовите, вкупно 192. Против Нори, Ѓоковиќ сега води со убедливи 7-0 во меѓусебните дуели.
„Секако дека пред секој меч посакувате победа без драма, лесно и брзо, но тоа не е секогаш возможно“, изјави Ѓоковиќ по победата.