Косово – Баша ја затвори конститутивната седница, потпретседател од српската заедница не е избран

0
68

Пратениците на Собранието на привремените институции во Приштина и денес не избраа потпретседател од српската заедница, бидејќи ниту еден од тројцата кандидати кои останаа по ждрепката не доби доволен број гласови.

И покрај тоа што не беше избран потпретседател од српската заедница, претседателот на Собранието, Димал Баша, ја затвори конститутивната седница, тврдејќи дека неизборот на еден од петте потпретседатели не претставува пречка за конституирање на Собранието. Претходно, Милијана Николиќ од Српска листа не доби ниту еден глас во три гласања, исто како и Игор Симиќ во две гласања.