Балкан – Бих/РС: Судот го тргна Додик од функција – шест години без политика и предвремени избори

0
75

Одбраната на Милорад Додик вчера уплатила 36.500 конвертибилни марки (околу 18.000 евра) во буџетот на Босна и Херцеговина во замена за едногодишна затворска казна што му ја изрече Судот на БиХ, објави сараевскиот портал „Рапорт“, пренесува Н1.

Според конечната пресуда на Судот на БиХ, покрај едногодишната затворска казна, на Додик му е забрането да се занимава со политика шест години.

Врз основа на таа пресуда, Централната изборна комисија на БиХ донесе одлука за прекин на претседателскиот мандат на Додик, а вчера одлучи дека предвремените избори за претседател на Република Српска ќе се одржат на 23 ноември.