577 јавни институции пријавиле службени возила во ДКСК

0
36
Уште 142 државни институции испратиле податоци до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за службените возила со кои располагаат, со што вкупниот број на јавните установи што ја исполниле оваа обрвска се искачи на 577,

Рокот за пријавувањето на возилата беше до 20 август што значи дека овие 142 установи го сториле тоа со задоцнување.

Доколку правните лица не достават податоци за бројот, видот, регистарската таблица и возната состојба на моторните возила со кои расолагаат во предвидениот рок, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истек на рокот за доставување на податоците.

Според одлуката на Владата, до 15 септември сите службени возила треба да добијат специјални таблички во црвена боја.