Штипјанец „мртов пијан“ фатен со 3,07 промили алкохол во крвта

0
39

На 28.08.2025 во 18:30 часот на ул.„Рибник“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.И.(38) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ровер“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Н.И. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно дека имал 3,07 промили алкохол во крвта.