Тројца пијани возачи лишени од слобода. Рекордер е штипјанец со 3,07 промили

0
76

Во последното деноноќие, полициски службеници од СВР Струмица, Штип и Крива Паланка привеле тројца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.

Во Богданци, 70-годишен возач бил затекнат со 2,35 промили алкохол, додека во Штип, 38-годишен маж управувал возило марка “ровер” со 3,07 промили на улицата “Рибник” во денските часови.

Во Крива Паланка, 24-годишен возач со 1,64 промили алкохол учествувал во сообраќајна несреќа.

Против сите лица ќе бидат поднесени кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ .