Претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас, во отворено писмо до европските претставници и институции побара од нив активно да се вклучат во решавањето на кризата во Србија преку медијација и да спречат конфликти од пошироки размери, објави денес ССП.
– Единствениот начин за мирно и демократско решавање на политичката и социјалната криза е да се применат моделите што, благодарение на Европската Унија, се имплементирани во Северна Македонија и Црна Гора со предизборна техничка влада за подготовка на фер и демократски избори – наведува Ѓилас во писмото.

