Дел од Приморска Словенија беше погоден од силна бура по неколкучасовните врнежи од дожд во таа област, јавува 24ur. Утрово, помалите реки и поројните водотеци нагло се зголемија, а врнежите поплавија неколку области,. Градот Копер извести дека ситуацијата на терен е опасна и се влошува.
Обилните врнежи сè уште се задржуваат помеѓу словенечка Истра и внатрешноста на земјата. На некои места веќе наврнале повеќе од 150 милиметри дожд, јавува Метеоинфо Словенија.
Бурата оштети неколку патишта во областа на Копер, а се случи и лизгање на земјиштето пред тунелот Декани од правец на Чрни Кал кон автопатот.
сите расположиви екипи се на терен, а граѓаните се замолени да бидат исклучително внимателни


