Археолозите пронашле крст стар 1400 години, за време на едно ископување во Абу Даби. Овој Христијански симбол уште еднаш докажува, дека на ова место пред 15 века имало манастирски комплекс.
„Ова е многу возбудливо време за нас. Никогаш немавме конкретни докази дека куќите биле населени од христијани“, рече археологот Марија Гајевска од Одделот за култура и туризам.

Самите куќи биле откопани уште во 1992 година, во близина археолозите пронашле црква и манастир кој датирал од 7-ми или 8-ми век.
„Со овој крст, сега докажавме дека овие куќи биле дел од христијанска населба“, рече Гајевска.

Според неа, куќите веројатно биле населени од постари монаси, кои се повлекувале во осаменост и се молеле.


