На јавниот повик за млади земјоделци пристигнале вкупно 254 апликации, од кои се одобрени 117, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Тој вели дека ова е само една од мерките што досега се реализирани, а во наредната година ќе бидат објавени и нови програми наменети за младите земјоделци.
– Клучот на иднината во земјоделското производство во Македонија, регионот и во светот е внесување на свежа енергија, односно млади луѓе кои што ќе започнат да се занимаваат со земјоделство, изјави Трипуновски.


