Македонскиот “ајронмен” Пејчиновски со нов успешен подвиг

0
92

Младиот охриѓанец Марко Пејчиновски повторно го помести човечкиот предел на издржливост и посветеност.

Синоќа, тој успешно го заврши својот модифициран „ајронмен“ триатлон, совладувајќи вкупно 107 километри низ прекрасниот предел на Охридско-Струшкиот регион.

Предизвикот започна со трчање од Свети Наум до Струга, потоа возење велосипед назад до Свети Наум, а кулминацијата беше пливање до Охрид, со што го заокружи својот херојски круг.

Марко не само што ги надмина физичките граници, туку и испрати моќна порака: дека со волја, дисциплина и верба – сè е возможно. Неговиот подвиг е доказ дека младите во Македонија имаат капацитет да инспирираат, да водат и да создаваат нови вредности.

На социјалните мрежи, Пејчиновски им се заблагодари на сите што го поддржуваа, со зборовите:
„Ви благодарам на сите за поддршката“