Балкан БИХ/РС – Додик Ќе бара од Русија да стави вето на продолжувањето на мандатот на ЕУФОР и да ја поддржи независностa на РС

0
64

Поранешниот претседател на Република Српска, на кого му беше одземен мандатот бидејќи беше осуден, најави дека наскоро ќе оди во Москва, каде што ќе побара од претставниците на Русија да стават вето на продолжувањето на мисијата „Алтеа“ на ЕУФОР во Босна и Херцеговина во Советот за безбедност на ОН.Додик верува дека БиХ е „под окупација“. „Имате локална цивилна администрација од странец по име Шмит и вооружен дел од таа окупација наречен Алтеа. Сакаме да ги отстраниме и двете. А за да ги отстраниме – мора да бидеме посебна држава“, рече Додик. Додик рече дека најверојатно ќе побара од нив да го откажат договорот во Советот за безбедност на ОН и да го укинат ветото за присуството на европските меѓународни сили во Босна и Херцеговина.