Хрватска меѓу трите најбрзо растечки економии во ЕУ во 2025

0
40

Хрватската економија и во вториот квартал остана меѓу трите најдинамични економии во Европската Унија, со годишна стапка на раст од 3,4% и забрзување од 1,2% во однос на претходниот квартал. Ако ваквиот темпо се одржи до крајот на годината, тоа би довело до импресивен раст од 4 до 5% на годишно ниво.

Сепак, речиси никој не очекува толку силен замав да трае цела година. Податоците собрани во врвот на туристичката сезона и останатите движења во европската околина укажуваат дека вториот дел од годината ќе биде нешто полош од повеќе од солидниот втор квартал.

Подобра слика се добива кога домашните движења се споредуваат со европскиот контекст, што го направи и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој се пофали со трет најбрз раст во ЕУ.

„Владата ќе продолжи да поттикнува силен раст на БДП, како и плати, вработеност, инвестиции и вкупниот животен стандард на граѓаните. Сакам придобивките од економскиот раст да ги почувствува секое домаќинство“, истакна премиерот