
Студентите во блокадата на Природно-математичкиот факултет во Нови Сад објавија на социјалните мрежи застрашувачки фотографии од нивните колеги и граѓани кои беа повредени синоќа од припадници на полицијата и жандармеријата во судирите пред Филозофскиот факултет, пренесува Нова.рс.Граѓани, студенти и полиција во полна опрема за разбивање на демонстрациите се судрија синоќа пред Филозофскиот факултет во Нови Сад.
Платото пред факултетот беше целосно окупирано од полицијата. Се пукаше со пиротехнички средства, се прскаше со бибер спреј и се туркаше влезот на универзитетот.Полицијата, како што наведува Нова.рс демонстрирала бруталност врз академиците кои се собраа пред факултетот за да му кажат на деканот Миливој Алановиќ, кој е веќе трет ден во зградата, дека блокадата сè уште трае, и дека бараат тој да им дозволи да влезат во зградата, што тој го одбил.Потоа полицијата почна да ја потиснува толпата, а беше употребен и бибер спреј. Во таа прилика беа повредени неколку студенти, професори и граѓани, а едно лице беше погодено во главата со пиротехнички средства, поради што го изгуби слухот, наведува Нова.рс.

