Музички спектакл во повод Св. Јоаким Осоговски, патрон на село Блатец

0
45
На 29 август, во чест на празникот Свети Јоаким Осоговски, патрон на село Блатец, и Успение на Пресвета Богородица, жителите на Блатец организираат богата музичка вечер со Стојне Николова и Динамик Бенд.

“ Очекувајте вистински спектакл, многу песни, игра и весела атмосфера која ќе нè обедини сите – млади и постари.

Ова не е обичен концерт, ова е празнична прослава заедно со нашите најблиски, пријатели и гости кои ќе дојдат да ја почувствуваат магијата на Блатец.
Подгответе се за вечер полна со емоции, забава и незаборавни моменти!..соопштуваат жителите на Блатец.