Европа добива најголема фабрика за муниција: Бугарија ќе биде најголемиот профитабилен партнер!

0
104

Нова ера за европската одбрана се отвора со изградбата на најголемата фабрика за муниција во Европа, која до 2027 година ќе достигне годишен капацитет од неверојатни 350.000 артилериски гранати. Инвестицијата вредна половина милијарда евра веќе предизвикува голема возбуденост, а најголемиот бенефит ќе го има Бугарија, која ќе биде клучен дел од овој огромен проект.

Фабриката ќе се состои од два главни објекти — еден за производство на гранати од 155 мм и друг за нивно полнење, склопување и пакување, а се очекува да создаде повеќе од 500 нови работни места во регионот.

„Рајнметал“планира големи заеднички проекти во Бугарија со инвестиции над 1 милијарда евра за производство на барут и артилериски гранати.
Бугарија, како важен играч во овој процес, ќе има значајна улога во европската одбрана, со нови инвестиции и работни места кои ќе придонесат за економски развој и сигурност.