Седум мажи од Хрватска, Србија, БиХ и Црна Гора, се степале во камп на островот Паг, Хрватска, во понеделникот во утринските часови, при што биле уапсени.. Меѓу приведените се тројца хрватски државјани, двајца српски државјани и по еден државјанин на Црна Гора и Босна и Херцеговина, соопшти полицијата во Задар.
Според обвинението, седуммината се товарат за нарушување на јавниот ред и мир во раните утрински часови на 24 август во сместувачкиот објект во кампот Повљана. Нивното однесување е оценето како особено дрско, имајќи го предвид времето и местото на инцидентот, каде што престојувале и други гости.
Истрагата утврдила дека околу 5 часот наутро, кај вработениот во кампот се приближиле хрватски државјани на возраст од 30, 24 и 19 години, како и 25-годишен српски државјанин. Таму, дошло до вербален, а потоа и физички конфликт со 27-годишен српски државјанин, 32-годишен Црногорец и 26-годишник од Босна и Херцеговина.
По физичката пресметка во објектот, конфликтот се пресели надвор, каде што тие продолжија да го нарушуваат јавниот ред и мир и да го оштетуваат инвентарот во кампот. Полицијата утврдила и дека на овој настан му претходел друг инцидент. Имено, околу 3 часот наутро, двајца хрватски државјани (на возраст од 24 и 19 години) и еден 27-годишен српски државјанин го нарушиле јавниот ред и мир во угостителски објект во Повљана, кои подоцна учествувале во конфликт во кампот.
Поради ова, против тројцата е поднесено дополнително обвинение, а 24-годишниот хрватски државјанин е дополнително обвинет за прекршок согласно Законот за спречување на дискриминација.


