43 годишен маж утринава е убиен во тепачка пред казино во Кавадарци. Информацијата за МИА ја потврдил доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош.
– Точно е, имаше убиство при тепачка, утринава около пет часот, пред казино. Станува збор за смртоносни повреди на главата. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека лицето беше починато, без знаци на живот- појасни докторот.


