Србија – Деканот на Филозофскиот факултет во Нови Сад е заклучен во зградата со група професори, „чека инструкции за безбедност“

0
81

Студентите на Правниот факултет во Нови Сад влегоа во зградата на Филозофскиот факултет, од каде што утрово деканот Миливој Алановиќ ги избрка. По упадот, на повик на деканот, на факултетот пристигнаа припадници на Интервентната единица и три полициски автомобили.Во еден момент, студентите на Правниот факултет во Нови Сад влегоа во зградата на Филозофскиот факултет низ споредниот влез, а пред зградата беа припадници на Интервентната единица, како и припадници на жандармеријата. Имаше туркање на собраните демонстранти со полицијата.Студентите бараат деканот да ја напушти зградата, а тие да се вратат внатре.Деканот е заклучен во зградата заедно со група професори. За Н1 деканот изјавил дека „чекаат дополнителни инструкции во врска со нивната безбедност“, пред да ја напуштат зградата на факултетот.