Невработеноста во Словенија се намали на 3,2 проценти во вториот квартал од оваа година, што е најниско ниво откако државната статистика ги следи податоците. Бројот на странци во работната сила во Словенија се зголеми и сочинуваат 12 проценти од работната сила.Стапката на невработеност помеѓу април и јуни се намали за 0,2 процентни поени во споредба со претходната година. Бројот на невработени се намали за 7,1 процент на годишна основа, на 33 илјади, објави Заводот за статистика на Република Словенија (Сурс).Меѓу населението на Словенија имало 991 илјади вработени, што е приближно за 4.000 или 0,4 проценти помалку отколку во првиот квартал и приближно за 6.000 или 0,6 проценти помалку отколку пред една година. Во Македонија во првиот квартал 2025 година стапката на невработеност изнесуваше 11,7 отсто, а бројот на вработени е 702 410.
Home МАКЕДОНИЈА Словенија со 991.000 вработени – Македонија со 702.410, невработеноста во Словенија на...


