Се за љубов: Американец ја лажирал својата смрт за да живее со својата “онлајн” љубовница во Узбекистан

0
73

Рајан Боргвард (45), татко на три деца од Висконсин, ја инсценирал својата смрт на кајакарење во август 2024 година, оставајќи зад себе превртен кајак и спасувачки елек, што ги навело властите да веруваат дека се удавил.

Потрагата траела 54 дена и чинела десетици илјади долари, додека неговото семејство тагувало, верувајќи дека го изгубиле засекогаш.

Но, истрагата открила дека Боргвард комуницирал со жена од Узбекистан преку интернет и планирал бегство: отворил нова банкарска сметка, купил полиса за животно осигурување од 375.000 долари, и добил нов пасош во Канада. Со електричен велосипед стигнал до Медисон, потоа со автобус до Детроит, и преку Торонто отпатувал во Европа.

По неколку месеци, бил лоциран и убеден да се врати во САД, каде што се соочи со обвиненија за попречување на службено лице. Осуден е на 89 дена затвор и парична казна од 30.000 долари. Неговата сопруга се развела од него, нарекувајќи го бракот „непоправливо скршен“.

Целата приказна ја потресе заедницата, а локалните власти ја нарекоа неговата постапка „предумислена и себична“, со огромни последици за семејството и јавноста.