Согласно Правилникот за утврдување на критериумите, условите и постапката за доделување на еднократна парична помош и помош во натура, општина Свети Николе доделува еднократна парична помош за запишано прваче во училиштата под надлежност на општина Свети Николе и за запишан ученик во прва година во СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе.
“Висината на парична помош за прваче изнесува 3.000 денари, за ученик запишан во прва година изнесува 6.000 денари. Краен рок за поднесување на барање за остварување на правото е 15 септември 2025 година” стои во објавата на градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев.
Барањата за еднократна парична помош можат да се поднесат во училиштето каде што е запишан ученикот (ООУ или СОУ) и во канцеларијата за едношалтерско работење на Општина Свети Николе.


