Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации. За најдобар рудар е прогласен Дарко Велиновски

0
91

По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени,потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната заедница.

 „И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија пригоден подарок и парични награди. Продолжувајќи ја традицијата, оваа година признанието „Најдобар рудар“ му беше доделено на Дарко Велиновски, кој во оваа прилика доби и посебна парична награда и пригоден подарок“, соопштија  од Рудникот.

Покрај најдобриот рудар, раководството на САСА Раководството на САСА додели и  парични награди и на вкупно 121 вработен. Како дел од активностите по повод празникот, рудникот САСА, преку својата Фондација, обезбеди и финансиска поддршка за реализацијата на две приоритетни потреби на локалната заедница.

„Нашите вработени се срцето на САСА. Нивната посветеност, стручност и безбедно извршување на работните задачи се клучни за успешното работење на рудникот. Овие награди, што им ги доделуваме по повод Денот на рударите, се само симболично признание за нивниот секојдневен труд. Во исто време, силно веруваме дека развојот на САСА е нераскинливо поврзан со напредокот на заедницата во која работиме, па затоа и понатаму ќе продолжиме со посветена поддршка за општината и нејзините граѓани“, изјави генералниот директор на рудник САСА, Кристофер Колбурн, честитајќи им го Денот на рударите на сите вработени во САСА  и граганите на Македонска Каменица.