Синоќа полициски службеници од ОВР Делчево ги лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш и С.А.(44) од Кочани.
Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал С.А., а сопатник бил А.А., по што во близина на возилото пронашле и одзеле пакување со марихуана, кое било фрлено од возилото.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.


