Србија се приклучува кон европскиот тренд во признавањето на родителскиот придонес преку пензискиот систем. Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, мајките во Србија ќе имаат право на посебен стаж, што ќе им донесе повисока пензија. Посебен стаж ќе им се признае на мајките со едно или две деца од 2032 година, додека мајките со три или повеќе деца можат веднаш да аплицираат.На мајките со едно или две деца ќе им се доделат шест месеци или една година посебен стаж, додека мајките со три или повеќе деца можат да го продолжат својот стаж за дури две години. Овој стаж не е услов за пензионирање, но се вклучува во вкупниот пензиски стаж и значително влијае на износот на пензијата. Практично, повисокиот коефициент се пресметува на крајот, што значи дека на жена со 30 години стаж ќе се смета дека работела 32 години, што ќе резултира со повисока пензија.


