Две девојки, на возраст од 20 и 21 година, биле итно префрлени во болница во Пловдив откако скокнале од патнички воз на линијата Софија-Бургас во близина на железничката станица „Клисура“, потврди прес-центарот на Одделот за внатрешни работи во Пловдив. 20-годишната девојка се здобила со тешки повреди и е во критична состојба, објавува порталот 24часа. Според првичните информации, девојките скокнале од прозорецот додека возот се движел, објавува БНТ.Се наведува дека тие скокнале од возот во движење бидејќи ја пропуштиле станицата каде што требало да слезат.Наводно, не успеале да ја отворат вратата од вагонот на време. Кога конечно успеале да го сторат тоа, решиле да скокнат, но возот веќе добивал брзина.Покрената е прелиминарна истрага и е известено Окружното обвинителство.


