Царинска измама од 1,5 милиони денари со соларни инвертори

0
84
Царински инспектори од Секторот за контрола и истраги, при контрола на увоз на соларни уреди, открија царински измами во висина од 1,5 милиони денари. Лиценцирани застапници –шпедитери, иако ги добиле фактурите на кои јасно стои дека се увезуваат инвертори за соларни системи, при царинската постапка ги пријавувале како генератори со пониска царинска стапка. Така, наместо 15%, царината била наплатена со 10%.
Неправилностите биле откриени по спроведени пост-контроли и проверки на сметководствената и комерцијалната документација, при што се обезбедени докази за сторено кривично дело царинска измама, казниво според Кривичниот законик.
Само во јули, по контроли на потеклото и вредноста на увезената стока, Царинската управа наплати три милиони денари по основ на избегнати давачки.
Царинската управа ќе продолжи со активности за заштита на финансиските интереси на државата и за обезбедување фер конкурентност на пазарот.