Скандалозно. На скопскиот аеродром пуштен патник кој требало да буде уапсен

0
75

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник со иницијали С.С., поради сомнеж за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Според информациите од МВР, на 12 август 2025 година, пријавениот полициски службеник, кој работел на пасошка контрола во Полициската станица за граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, не извршил контрола врз патник кој се наоѓал на СТОП листата на МВР со мерка „апси“. Со неговото несовесно постапување, патникот успеал да влезе во државата, со што бил ставен во поволна состојба и истовремено е нанесена штета на угледот на Министерството за внатрешни работи.