По четири месеци Димал Баша избран за претсетадел на Косовското Собрание

0
104

Димал Баша, пратеник од Движењето Самоопределување, денеска е избран за нов претседател на Собранието на Косово.

Изборот се случи на 58. продолжение на конститутивната седница, со 73 гласа „за“, 30 „против“ и тројца воздржани, по повеќе од четири месеци институционална криза и неколку неуспешни обиди за избор на собраниски спикер.

Во својот прв говор по изборот, Баша ја истакна важноста на Собранието како срце на демократијата и ја нагласил улогата на Косово како независна држава, остварена со поддршка од пријателските земји, предводени од САД.